Достапни линкови

logo-print

Оланд-Нема договор со Русија за воените бродови


Франсукиот претседател Франсоа Оланд со неговиот руски колега Владимир Путин.

Франсукиот претседател Франсоа Оланд со неговиот руски колега Владимир Путин.

Францускиот претседател Франсоа Оланд по разговорите во Ереван со неговиот руски колега Владимир Путин порача дека не била донесена одлука за решавање на спорот со продажбата на два воени бродови Мистрал на Москва. Оланд претходно најави дека на Русија ќе и бидат рефундирани парите доколку бродовите не бидат испорачани. Договорот вреден еден и пол милијарди долари Франција не го реализираше поради улогата на Русија во конфликтот во Украина.

Двајцата лидери се сретнаа на маргините не комеморацијата во чест на 100 годишнината од масакрот врз Ерменците од отоманската империја. Оланд изјавил и дека најдобриот начин за да се обноват односите меѓу Русија и Европа е преку имплементирање на договорот од Минск за примирјето во источна Украина.

XS
SM
MD
LG