Достапни линкови

Путин и Оланд разговарале за Украина


Рускиот претседател Владмир Путин со неговиот француски колега Франсоа Оланд

Рускиот претседател Владмир Путин со неговиот француски колега Франсоа Оланд

Рускиот претседател Владмир Путин оствари средба со неговиот француски колега Франсоа Оланд на маргините не комеморацијата во чест на 100 годишнината од масакрот врз Ерменците од отоманската империја. Разговорите меѓу двајцата лидери во Ереван биле фокусирани на конфликтот во Украина и замрзнувањето на договорот од страна на Франција за продажбата на два воени бродови Мистрал на Русија. Оланд изјавил дека најдобриот начин за да се обноват односите меѓу Русија и Европа е преку имплементирање на договорот од Минск за примирјето во источна Украина.

XS
SM
MD
LG