Достапни линкови

ВМРО ДПМНЕ-Несериозен обид на Заев да се оправда


Од ВМРО-ДПМНЕ денеска соопштија дека изјавата на лидерот на СДСМ Зоран Заев дадена пред Јавното обвинителство е само празен и несериозен обид тој да се оправда за финансиско коруптивните криминални случаи и аферата „Пуч“. Според партијата, не е суштината во тоа дали ќе се поднесат 1.000 или 2.000 страници хартија, туку дали тие имаат или немаат правна основа и аргументација.

За случаите кои се водат пред надлежните институции, како што е наведено, против Заев постојат непобитни докази, факти, признанија и правни аргументи. Од ВМРО ДПМНЕ нагласуваат дека пропаднало првото тврдење на Заев, кое било главен столб на кој го потпирал своето сценарио, дека Груевски и Мијалков прислушувале.

XS
SM
MD
LG