Достапни линкови

logo-print

Бомбашки напади во Ирак, 7 жртви


Ирачките власти соопштија дека во два бомбашки напади загинале најмалку седум лица. Во првиот напад во близина на пазар на 50 километри оддалеченост од Багдад, загинале 4 лица, а 8 биле повредени. Во вториот напад во близина на суд во јужниот дел на Багдад загинале 3 лица, а 9 биле повредени. Се уште никој не презема одговорност за нападите.

XS
SM
MD
LG