Достапни линкови

Студентскиот пленум со реакција за оставката на Давитковски


Борче Давитковски

Борче Давитковски

Од Студентскиот пленум денеска реагираат на оставката на деканот на Правниот факултет Борче Давитковски, кој изјави дека се повлекува од функцијата поради притисоци од власта. Од пленумот соопштуваат се свесни оти не ги живеат најславните денови на демократијата, но на крај на ум не им било дека ќе следи таков политички реваншизам на еден од најгласните поборници за квалитетни реформи во високото образование, Правниот факултет.

Според нив, еден од последните бастиони на слободната мисла е најсурово изложен на тиранија и репресија од страна на узурпаторите на универзитетот, но и демократијата во целина, а како директна последица на тоа е и оставката на Давитковски. Од пленумот порачуваат дека нема да останат неми и дека од денес ќе бидат на браникот на факултетот во борбата против узурпаторите, противниците на квалитетното образование, џелатите на слободната мисла.

XS
SM
MD
LG