Достапни линкови

Антитерористичка операција на полицијата во Италија


Италијанската полиција спровела антитерористичка операција против мрежа, која според нив била инспирирана од Ал Каеда и имала оперативна база на островот Сардинија. Според соопштението, групата имала големо количество на оружје и голем број на следбеници кои биле подготвени да извршуваат акти на тероризам во Пакистан и Авганистан. Главниот обвинител Мауро Мура изјави дека осомничените можеби планирале и напад на Ватикан во 2010 година, кој никогаш не бил извршен.

XS
SM
MD
LG