Достапни линкови

Воз прегази 14 емигранти


Архивска фотографија - илегални мигранти од Сирија и Ирак биле откриени на железничка станица во Велес, 31 август 2014.

Архивска фотографија - илегални мигранти од Сирија и Ирак биле откриени на железничка станица во Велес, 31 август 2014.

Меѓународен воз на пругата Велес -Скопје, во близина на стојалиштето Пчиња прегази 14 емигрантите кои биле со потекло од Авганистан и Сомалија, соопшти МВР. Справувањето со оваа појава оди тешко, велат упатените.

Четиринаесет емигранти загинале во железничка несреќа која се случила синоќа околу 22.30 часот на пругата Велес - Скопје, потврдуваат од МВР. Осуммина од емигрантите се приведени и предадени во полициската станица во Велес за понатамошна постапка. Според првичните информации, групата емигранти се движела по пругата во правец на Белград. Несреќата се случила во близина на стојалиштето Пчиња на непристапен терен, каде меѓународниот воз налетал на групата. Од полицијата информираат дека емигрантите биле со потекло од Авганистан и Сомалија.

Осуммина од емигрантите се приведени и предадени во полициската станица во Велес за понатамошна постапка. Според првичните информации, групата емигранти се движела по пругата во правец на Белград.

Упатените во оваа област велат дека емигрантите ги користат ваквите премини бидејќи се илегални и не е под контрола на сообраќајната полиција. Иако МВР досега открила голем број емигранти, таа нема капацитет во целост да ја спречи оваа појава, вели професор Методи Хаџи-Јанев.

„Многу посилни земји од нас не можат да се справат со овој феномен. Еве што и се случува на Европа со потонувањето на бродот, гледате дека и нивни граѓани, од западно-европските држави, влегуваат во тие бизниси, бидејќи овде се вртат сериозни суми на средства, за пренос на такви луѓе. Станува игра на криминалот, а штом станува збор за таква игра кадешто се вртат средства, тогаш е многу тешко да се справите со едноставни мерки, значи ви треба поинаков пристап, регионална соработка, треба билатерална соработка и секако средства.“

Ако го земеме тоа на врат на себе, може да ни се случи она што и се случува на Бугарија. Тие имаат сериозен проблем бидејќи е многу тешко да ги задржите овие луѓе, опасноста е и во тоа што често пати со овие луѓе доаѓаат и луѓе кои немаат баш најчисти намери или не се баш така наивни и невини.

Најчесто емигрантите кои транзитираат низ Македонија се со потекло од Ирак, Сирија и Авганистан, а нивната крајна дестинација се земјите од западна Европа. Хаџи-Јанев вели дека единствениот начин да им се помогне на овие луѓе е да се зацврсти соработката со органите на Европската унија и да оневозможиме да има илегални преминувања. Друг начин за помош е да се побараат одредени фондови од ЕУ за нивен привремен престој, но тоа е многу ризично, вели Хаџи-Јанев.

„Ако го земеме тоа на врат на себе, може да ни се случи она што и се случува на Бугарија. Тие имаат сериозен проблем бидејќи е многу тешко да ги задржите овие луѓе, опасноста е и во тоа што често пати со овие луѓе доаѓаат и луѓе кои немаат баш најчисти намери или не се баш така наивни и невини, така да не би одел на картата нешто им се помага, туку напротив би одел на картата тоа да го институционализираме.“

Факт е дека тие се луѓе кои бараат спас од лошата економска и безбедносна состојба во земјите од каде што доаѓаат, но тие канали се користат и за инфилтрирање на опасни луѓе кои најверојатно имаат друга агенда, предупредуваат експертите. Токму затоа заклучуваат дека би било опасно креирањето програми за помош на овие луѓе и евентуално создавање на безбедносно подрачје тука.

  • 16x9 Image

    Марија Тумановска

    Марија Тумановска, родена 1981 година во Струмица. За време на студентските денови, волонтира во некои од пишаните медиуми. По завршувањето на факултетот за новинарство, станува соработник во детската редакција на Македонското радио, Радио Скопје. Подоцна работи во културниот сектор на истиот медиум. Во Радио Слободна Европа е од декември 2004 година.

XS
SM
MD
LG