Достапни линкови

Во светот најсреќна Швајцарија, Македонија на 93 место


Швајцарија е најсреќната земја на светот, веднаш по Исланд, Данска, Норвешка и Канада. Ова се наведува во една меѓународна студија за среќата што вчера беше објавена во Њујорк. Рангирани се 158 земји, а Македонија е во долниот дел од списокот, односно на 93 место. Од земјите во регионот најдобро се пласирани Словенија на 55, Хрватска на 62, Косово на 69, Црна Гора на 83 и Србија на 87 место. Зад Македонија се Албанија на 95 и Босна и Херцеговина едно место подолу. Списокот е правен врз основа на очекуваниот животен век, бруто домашниот производ по глава на жител и општествените услови.

XS
SM
MD
LG