Достапни линкови

Иранските бродови се оддалечуваат од Јемен


Американски претставници соопштија дека иранските бродови за кои се сомневаше дека носеле оружје за шиитските Хути бунтовници се оддалечувале од брегот на Јемен. Конвојот од девет бродови, според последните информации, почнал да се движи на север и да се оддалечува од Јемен. Соединетите држави најавија дека ќе продолжат да го следат конвојот. Претходно американскиот претседател Барак Обама изјави дека Вашингтон му упатил предупредување на Техеран да не испраќа оружје во Јемен.

XS
SM
MD
LG