Достапни линкови

ЕУ во акција околу имигрантите на Медитеранот


Претседателот на Европскиот Совет Доналд Туск

Претседателот на Европскиот Совет Доналд Туск

Лидерите на Европската унија се согласија тројно да го зголемат финансирањето на операцијата за спасување на бегалците на Медитеранот. Претседателот на Европскиот Совет Доналд Туск по вонредниот самит на Унијата изјави дека шефицата на европската дипломатија Федерика Могерини добила задача итно да ја подготви операцијата „Тритон“ со цел спасување на животите на луѓето кои бегаат од земјите погодени со кризи во Африка и на Блискиот Исток. Туск потенцира дека проблемот нема да биде решен само со спасување на луѓето, туку дека ќе биде неопходно разбивање на криумчарските мрежи и уништување на бродовите што тие ги користат за шверц на луѓе.

XS
SM
MD
LG