Достапни линкови

Одбележување на 100 годишнината од масакрот врз Ерменците


Во светот денеска ќе се одржат комеморации по повод 100 годишнината од маскарот врз Ерменците во Отоманската империја. Во ерменскиот главен град Ереван се очекува стотици илјади луѓе да присуствуваат на собирот во меморијалниот центар посветен на оваа трагедија. Меѓу нив се најавени и претседателите на Русија и на Франција Владимир Путин и Франсоа Оланд. До ова доаѓа по неколкудневни дипломатски тензии меѓу Турција и меѓународната заедница. Масакрот и депортацијата на милион ипол Ерменци во Отоманската империја за време на Првата светска војна повеќето историчари ги оценуваат за геноцид. Турција тоа го отфрла наведувајќи дека бројот на жртвите бил многу помал, како и тоа дека не станувало збор за планирана акција против христијанското малцинство.

XS
SM
MD
LG