Достапни линкови

Порошенко се залага за референдум за влез во НАТО


Украинскиот претседател Петро Порошенко

Украинскиот претседател Петро Порошенко

Украинскиот претседател Петро Порошенко ја повтори заложбата за референдум во кој жителите ќе се изјаснат по прашањето за членство на земјата во НАТО. Според него, вклучувањето во Алијансата е фундаментално прашање и тој би спровел референдум за луѓето да донесат одлука. Тој не прецизираше кога референдумот би се одржал. Тој претходно изјави дека земјата нема да се обиде да стане членка на НАТО без тоа прашање да биде покренато на референдум.

XS
SM
MD
LG