Достапни линкови

Обама-Двајца заложници убиени во антитерористичка операција


Американскиот претседател Барак Обама

Американскиот претседател Барак Обама

Белата куќа соопшти дека двајца заложници биле убиени за време на американската антитерористичката операција во близина на границата меѓу Авганистан и Пакистан во јануари. Американскиот претседател Барак Обама изрази жалење дека операцијата завршила со смртта на двајца заложници, од кои едниот бил американски државјанин, а другиот потекнувал од Италија. Тие биле киднапирани од терористичка мрежа на Ал Каеда. Обама порача дека нивните мисли се со семејството на докторот Варен Вејнстајн и Џовани Ло Порто.

XS
SM
MD
LG