Достапни линкови

Киргистанскиот премиер поднесе оставка


Јотомарт Оторбаев

Јотомарт Оторбаев

Киргистанскиот премиер Јотомарт Оторбаев најави дека се повлекува од функцијата, која ја извршува од април минатата година. Тој пред Парламентот порача дека не смее да има монопол на моќта во реалната демократија, без притоа да посочи која е причината за неговата оставка. Неговата оставка доаѓа за време на контроверзиите околу работењето на најголемиот рудник за злато Кумтор. Киргистанската влада поседува една третина од компанијата.

XS
SM
MD
LG