Достапни линкови

logo-print

Лавров-Тренинг програмата на САД го нарушува примирјето


Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров му соопштил на американскиот државен секретар Џон Кери дека тоа што американски војници ги тренираат силите на украинската Национална гарда е прекршување на примирјето за конфликтот во источна Украина. Лавров го упатил обвинувањето за време на вчерашниот телефонски разговор со Кери. Околу 300 американски падобранци го започнаа тренингот на украинските сили на 20 април во западна Украина.

XS
SM
MD
LG