Достапни линкови

logo-print

Петта година блокирана сметката на Општина Пласница


Зградата на Општина Пласница.

Зградата на Општина Пласница.

Градоначалникот на Пласница вели дека Општината е единствена во државата, којашто не е влезена во втората фаза на финансиска децентрализација.

Петта година сметката на Општина Пласница е блокирана, поради наплата на извршни решенија во висина од 28 милиони денари. Локалната власт со години негува надежи дека проблемот ќе се реши со помош на Владата, се доставувале континуирани барања, но до денес решение нема.

Не може Општина Пласница да влезе во втора фаза, додека не се реши проблемот. Прво ние немаме објект свој, на Општина Пласница, второ, пет години сме блокирани и единствена општина сме што нема ни лимит и по неколку месеци немавме ни струја во самата зграда.

„Најмногу се блокиравме во врска со изработка на еден пат, за којшто имавме добиено решение и тоа решение потоа ни го повлекоа, а патот го направивме и имаме од ЕЛЕМ –ЕВН да кажам, собрани се 28 милиони денари“, вели градоначалникот Исмаил Јаоски.

Исмаил Јаоски, градоначалник на Општина Пласница.

Исмаил Јаоски, градоначалник на Општина Пласница.

Тој потенцира дека Пласница е единствена општина во државата, која што не е влезена во втората фаза на финансиска децентрализација.

„Не може Општина Пласница да влезе во втора фаза, додека не се реши проблемот. Прво ние немаме објект свој, на Општина Пласница, второ, пет години сме блокирани и единствена општина сме што нема ни лимит и по неколку месеци немавме ни струја во самата зграда. Не гледам како би влегле во втора фаза и со тие средства што ги имаме, тогаш би прогласиле банкрот. Втора општина би биле во светов, кај што можеме да прогласиме, финансиска нестабилност, односно стечај“, додава Јаоски.

Во Пласница живеат според пописот околу 6.500 жители, но голем дел од населението, не само младите, туку и цели семејства масовно се иселија последните неколку години, зашто нема услов за урбан, а не за економски развој. Во општината со 4 населени места, нема ниту една фирма. Едвај функционираат неколку маалски дуќани со по два-тројца вработени и околу 15 вработени жители во локалната самоуправа.

„За жал територијалната поделба кога е правена, ние како Општина Пласница, половина 170 куќи припаѓаме на Општина Македонски Брод и плаќаме данок во Општина Македонски Брод, а барам услуги од својата Општина, јас значи сум градоначалник од некоја друга општина, во Општина Пласница“, истакнува градоначалникот Јаоски.

Жителите речиси 99 отсто се од турска националност. Тие сметаат дека власта ги дискриминира. Зашто проектите на локалната самоуправа со години стојат во фиока, а речиси секоја инвестиција од комуналната сфера се реализира со самофинансирање или со донации. Од тука се апелите до власта за што поскоро деблокирање на сметката на локалната самоуправа и имплементација на мерки за побрз економски развој на Пласница.

  • 16x9 Image

    Моника Талеска

    Моника Талеска е дипломиран новинар на Интердисциплинарните студии по новинарство во Скопје. Од 2001-та година е дописник на Радио Слободна Европа. Освен тоа, постојан дописник е и на телевизија Телма. Работела како новинар, главен уредник и директор во поранешниот локален Центар за печат, радио и телевизија- Прилеп. 

XS
SM
MD
LG