Достапни линкови

Вработените во ЕМО повторно на принуден одмор


Протест на вработени во некогашниот индустриски гигант од Охрид, фабриката ЕМО.

Протест на вработени во некогашниот индустриски гигант од Охрид, фабриката ЕМО.

Само што им заврши тримесечниот принуден одмор, вработените во ЕМО се испратени на нов. Се жалат дека не се прави ништо за да им се реши проболемот, а најавија дека ќе побараат уште една средба со охридските пратеници за да ги потсетат дека она што им го ветиле треба да го исполнат.

Продолжуваат проблемите во некогашниот охридски гигант фабриката „ЕМО“. Повеќе од 170 вработени сега реагираат затоа што повторно се пуштени на принуден период во траење од три месеци и покрај тоа што пред само три дена им истекол претходниот тримесечен принуден одмор.

Резултати во тој поглед нема, а најмалку за она што нас како синдикални претставници најмногу не интересира, исплата на заостанатите 40 плати и придонеси и регулирање на статусот.

Миле Крстаноски претседател на Синдикатот во „ЕМО“ вели дека ваквата состојба се должела на лошата состојба во компанијата, немањето на струја и основни услови за работа. Крстаноски вели дека им било речено дека се прават напори за решавање на проблемот. Тој не верува дека вработените ќе ги преземе странската компанија „Костел“.

„И ден-денес како што знаете, во медиумите се пласираат информации дека вработените ќе ги преземе државна фирма. Тука стануваше збор и за влегување во игра на странската инвестиција „Костал“. Јавна тајна е дека државната фирма е МЕПСО во која настана еден голем отпор бидејќи не сакаат да помислат да се вработуваат повеќе работници. Ако зборуваме за „Костал“ треба да се каже дека западно-германските фирми не ги интересираат вработувања на лица со над 30 години старосна граница. Сметам дека и таа калкулација ќе биде јалова“, нагласува Крстаноски.

Не се преземаат никакви активности во однос на почитување на правата на работниците и преземање конкретни мерки и чекори од страна на раководството по однос на продолжување на производниот процес на АД. „ЕМО“ Охрид и капитално поврзаните друштва.

Драган Цветаноски, претседател на регионалната организација на ССМ во Охрид, вели дека целосно стојат зад работниците.

„Не се преземаат никакви активности во однос на почитување на правата на работниците и преземање конкретни мерки и чекори од страна на раководството по однос на продолжување на производниот процес на АД. „ЕМО“ Охрид и капитално поврзаните друштва. Ние како синдикат застануваме целосно зад барањата на синдикалните организации по однос на исплата на платите и придонесите и решавање на статусот на вработените“, вели Цветановски.

Тој додава дека овие луѓе не уживале никакви права согласно законските прописи и затоа апелира институциите да преземат соодветни мерки за решавање на проблемот во ЕМО.

„Резултати во тој поглед нема, а најмалку за она што нас како синдикални претставници најмногу не интересира, исплата на заостанатите 40 плати и придонеси и регулирање на статусот. Дали ќе не вработат во некои други фирми, или ќе не пуштат под Агенцијата за вработување, тоа треба тие да го решат. Немаме никаква појдовна информација за каква било инјекција за да можат работниците да преживеат во овој период Доста од работниците бараат излез од оваа ситуација. Дел од нив веќе имаат најдено дополнителен ангажман за да извадат корка леб и да ги прехранат нивните семејства“, вели Крстаноски.

Ќе побараат, како што вели, уште една средба со охридските пратеници за да ги потсетат дека она што им го ветиле треба да го исполнат.

XS
SM
MD
LG