Достапни линкови

Сојузниците ги продолжија воздушните напади во Јемен


Авиони на коалицијата предводена од Саудиска Арабија го продолжија бомбардирањето врз позиции на шиитските Хути бунтовници во Јемен, само еден ден откако тие беа прекинати со образложение дека биле постигнати саканите воени цели. До ова дошло бидејќи бунтовниците успеале да заземат една воена база на силите лојални на претседателот Абд Рабу Мансур Хади. Во меѓувреме, бунтовниците побараа прекин на воздушните напади како услов за почнување мировни преговори со посредство на Обединетите нации.

XS
SM
MD
LG