Достапни линкови

САД: Русија го зголемува военото присуство во Украина


портпаролот на Стејт департментот Мери Харф

портпаролот на Стејт департментот Мери Харф

Соединетите држави соопштија дека Русија разместила уште системи за против воздушна одбрана во источна Украина и оти е инволвирана во обуката на сепаратистичките сили. „Ова е најголемо распоредување на руски против воздушни системи во источна Украина од минатиот август“, изјави портпаролот на Стејт департментот Мери Харф. Претходно шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров ги критикуваше Соединетите држави дека ја злоупотребувале украинската криза. Примирјето кое стапи во сила на 15 февруари годинава скоро секојдневно е нарушувано од владините сили и од проруските бунтовници во источна Украина.

XS
SM
MD
LG