Достапни линкови

Лек против еболата успешно тестиран врз мајмуни


Американски научници соопштија дека по третман со експериментален лек успешно излечиле мајмуни кои биле инфицирани со ебола вирусот. Се прецизира дека три мајмуни кои го примиле лекот целосно биле излечени, за разлика од другите три мајмуни кои починале од ебола во рок од девет денови. Научниците велат резултатите од примената на овој лек врз луѓе ќе бидат познати во втората половина од годинава. Од еболата во Западна Африка почнале над 10 илјади луѓе.

XS
SM
MD
LG