Достапни линкови

Самит на ЕУ за илегалните имигранти


Лидерите на Европската унија на денешниот самит во Брисел треба да усвојат итни мерки за спречување на масовниот прилив илегални имигранти преку Медитеранот. Во предлог резолуцијата се наведува решеноста на лидерите да се преземат систематски напори за идентификување и разбивање на криминалните мрежи кои го организираат шверцот со луѓе. Меѓу предложените потези е потопувањето бродови на Либискиот брег пред тие да бидат наполнети со бегалци. Таква меѓународна акција со одобрување на Обединетите нации, успешно беше применета против пиратите покрај брегот на Сомалија. До самитот доаѓа откако деновиве над 800 луѓе се удавија во близина на брегот на Либија.

XS
SM
MD
LG