Достапни линкови

Загриженост на Москва за инцидентот во Гошинце


„Со длабока загриженост го примивме соопштението за нападот на група вооружени лица врз граничниот пункт Гошинце на македонската страна од косовскиот дел на границата меѓу Македонија и Србија“, се наведува во синоќешното соопштение на руското министерство за надворешни работи. „Инцидентот на македонската граница покажува дека на овој дел од Балканот и натаму има длабоки етнички тензии и место за потенцијални конфликти. На оваа ситуација примарно влијание има сериозниот недостиг на владеењето на правото и безбедноста во Косово, што очигледно е последица на нерешениот косовски проблем како целина. Тоа повеќе не може да се игнорира, како и сè позачестеното присуство на велико албанските слогани. Се надеваме дека напорите на македонските власти да го врати редот во проблематичниот регион на земјата ќе ја добијат потребната меѓународна поддршка“, соопшти руското МНР.

XS
SM
MD
LG