Достапни линкови

Протест на средношколците и студентите во Македонија


Студентите и средношколците во Македонија за денеска најавија марш против, како што велат, лошите реформи во средното образование. За денешниот трет протестен марш средношколците, освен од Студентскиот, добија поддршка и од Наставничкиот и од Професорскиот пленум. Од Средношколскиот пленум велат дека се вршеле притисоци врз матурантите од кои се барало да потпишуваат пријави за полагање државна матура по новиот концепт. Учениците најавуваат можен прекин на бојкотот на наставата, бидејќи имаат загубено многу часови, но оти размислуваат за нов начин на радикално делување против како што велат игнорантскиот однос на надлежните и лошите образовни реформи.

XS
SM
MD
LG