Достапни линкови

Груевски: членството во ЕУ стратешка определба на Македонија


Премиерот Никола Груевски

Премиерот Никола Груевски

Премиерот Никола Груевски вчера се сретна со претставници на работната група на Европскиот совет задолжени за проширување на ЕУ. На средбата, како што се наведува во соопштението од Кабинетот на премиерот, станало збор и за предизвиците поврзани со состојбата со политичкиот дијалог при што била истакната важноста од институционално дејствување и нивно надминување. Груевски ги информирал членовите на работната група за тоа дека членството во ЕУ претставува стратешка определба на државата и оти интензивно се работи во реализацијата на понатамошни реформи кои ќе го унапредат процесот. Се разговарало и за надворешно политичките аспекти во процесот на европски интеграции, при што премиерот Груевски ја истакнал нашата посветеност и заложби за понатамошно унапредување на добрососедските односи и регионална соработка, се наведува во соопштението.

XS
SM
MD
LG