Достапни линкови

logo-print

Оланд-Франција ќе и ги врати парите на Русија за воените бродови


Францускиот претседател Франсоа Оланд на средбата со украинскиот претседател Петро Порошенко.

Францускиот претседател Франсоа Оланд на средбата со украинскиот претседател Петро Порошенко.

Францускиот претседател Франсоа Оланд изјави дека неговата земја ќе и ги рефундира парите на Русија за двата воени бродови Мистрал доколку тие не бидат испорачани, поради улогата на земјата во конфликтот во Украина.Тој по разговорите со украинскиот претседател Петро Порошенко порача дека за договорот вреден 1,3 милијарди долари ќе разговара со рускиот претседател Владимир Путин кога на 24 април ќе остварат средба во Ерменија. Франција ја одложи испораката на бродовите како одговор на руската анексија на Крим.

XS
SM
MD
LG