Достапни линкови

ВМРО ДПМНЕ- Сценарио на СДСМ за дестабилизација


Од ВМРО ДМНЕ денеска реагираа на прес - конференција на лидерот на СДСМ, Зоран Заев. Според ВМРО ДПМНЕ, партијата докажала дека сето ова е дел од нивното пошироко сценарио за дестабилизација, оцрнување на државните институции преку објавување на сечени, монтирани и прилепувани материјали кои се прикажуваат во манипулативен контекст.

Од ВМРО ДПМНЕ наведуваат дека денес им било јасно на сите дека срамната приказна со венецот на Борјан Јовановски е измислена и е во функција на сценариото за денешниот прес што само ја покажува монструозноста и моралниот дефект на раководството на СДСМ и на новинарите кои што работат во соросовите медиумите во Македонија кој што се директни учесници во мрачните игри на раководството на СДСМ.

XS
SM
MD
LG