Достапни линкови

Заеднички вежби на земјите од Шангајската организација за соработка


Логото на Шангајската организација за соработка

Специјалните сили од земјите членки на Шангајската организација за соработка одржуваат заеднички воени вежби во Киргистан. Киргистанското министерство за одбрана соопшти дека воени единици од Кина, Казахстан, Киргистан, Русија и Таџикистан вчера ги започнале четиридневните вежби во Шамси Горде во близина на северниот град Токмок. Узбекистан, кој е исто така членка на организацијата не учествува во вежбите.

Според министерството, вежбите се наменети да се практикуваат во борбите против илегалните вооружени групи и терористи на отворен простор и во објекти за обезбедување на ослободување на заложници.

XS
SM
MD
LG