Достапни линкови

Реакција на МИМ за заканите кон новинарот Борјан Јовановски


Македонскиот институт за медиуми е згрозен од атакот врз новинарот Борјан Јовановски и неговото семејство, на кого вчера на домашна адреса му беше доставен погребен венец со натпис „Последен поздрав“.

Овој монструозен акт е јасен и недвосмислен повик за насилство не само кон овој новинар и кон неговото семејство, туку и кон сите слободни и професионални медиуми и новинари кои критички ги опсервираат состојбите во општеството, се наведува во соопштението на МИМ.

МИМ ги повикува надлежните органи, Министерството за внатрешни работи, веднаш да ги пронајде сторителите, а од институциите бара недвосмислено да го осудат и јавно да се дистанцираат од овој гнасен чин, кој сериозно ја нарушува безбедноста на новинарите, ги поткопува заедничките напори на институциите и целата професионална медиумска заедница за подобрување на медиумскиот амбиент ииспраќа многу лоша слика и порака кон меѓународната јавност за состојбите со слободата на изразување во Република Македонија.

XS
SM
MD
LG