Достапни линкови

logo-print

Од состанокот кај Иванов повик за одговорно однесување на сите


Претседателот на Република Македонија, д-р Ѓорге Иванов, синоќа свика состанок на кој надлежните институции од областа на одбраната, безбедноста и разузнавањето го информираа државниот врв на Република Македонија за инцидентот во липковскиот регион. Во соопштението од кабинетот на Иванов се наведува:

На состанокот беа разменети првичните информации за нападот на караулата Гошинце, при што државниот врв го осуди инцидентот на северната граница на Република Македонија.

Државниот врв констатираше дека надлежните институции ги преземаат сите неопходни мерки и активности за расветлување на случајот, пронаоѓање на сторителите и нивно санкционирање. Воедно, државниот врв повикува на одговорно однесување на сите општествени фактори и да не се злоупотребува настанот во какви било цели.

Покрај македонскиот претседател, на состанокот присуствуваа претседателот на Собранието на Република Македонија, претседателот на Владата на Република Македонија, министерот за внатрешни работи на Република Македонија, министерот за одбрана на Република Македонија, началникот на Генералштабот на АРМ, директорот на Управата за безбедност и контраразузнавање, директорот на Агенцијата за разузнавање и раководителот на Службата за воена безбедност и разузнавање при МО на РМ.

XS
SM
MD
LG