Достапни линкови

Иран го поздрави запирањето на воздушните напади во Јемен


Иран го поздрави запирањето на четиринеделната воздушна кампања во Јемен од страна на коалицијата предводена од Саудиска Арабија. Според иранското министерство за надворешни работи, тоа претставува чекор напред во изнаоѓање мирно решение во таа земја. Претходно Саудиска Арабија соопшти дека кампањата врз шиитските Хути бунтовници во Јемен завршила, бидејќи биле постигнати „саканите воени цели“. Во меѓувреме, американскиот претседател Барак Обама изјави дека Вашингтон го предупредил Техеран да не испорачува оружје во Јемен.

XS
SM
MD
LG