Достапни линкови

logo-print

Состанок на премиерите на Србија и Косово во Брисел


Премиерите на Србија и на Косово Александар Вучиќ и Иса Мустафа синоќа го завршија четиричасовниот состанок во Брисел во рамките на новата рунда на дијалогот за нормализација на односите меѓу Белград и Приштина. Кабинетот на шефицата на европската дипломатија Федерика Могерини која посредува во дијалогот соопшти дека двете страни го разгледале напредокот во спроведувањето на спогодбите постигнати во текот на дијалогот, а посебно спроведувањето на спогодбите за правосудство и почетокот на примената на решенијата за цивилна заштита.

XS
SM
MD
LG