Достапни линкови

Средба на државниот врв по нападот во Гошинце


Претседателот на Македонија Ѓорге Иванов

Претседателот на Македонија Ѓорге Иванов

Претседателот на Македонија Ѓорге Иванов, претседателот на Собранието Трајко Вељаноски и премиерот Никола Груевски синоќа се состанаа на средба на која, според најавите, требало да бидат информирани за актуелната безбедносна состојба во земјата. На средбата, која ја свика претседателот Иванов, присуствувале и министрите за одбрана и за внатрешни работи Зоран Јолевски и Гордана Јанкуловска, директорот на Управата за безбедност и контраразузнавање Сашо Мијалков и началникот на Генералштабот на АРМ Горанчо Котески. До овај состанок доаѓа откако вооружена група од 40 лица претходната ноќ ја нападнале полициската станицата во Гошинце во близина на границата на Македонија со Косово. Притоа биле заробени четворица полициски службеници кои биле дежурни. Министерството за внатрешни работи настанот го окарактеризира како терористички напад.

XS
SM
MD
LG