Достапни линкови

Времето денеска: сончево со умерена облачност


Во Македонија ќе биде сончево со умерена облачност и со умерен до засилен ветер од северен правец, кој особено ќе биде изразен долж Повардарието каде на моменти ќе достигнува брзина и до 60 километри на час. Во источните делови ќе има зголемена облачност со слаб локален дожд. Утринската температура ќе се движи од минус еден до седум, а дневната од 10 до 18 степени. Во Скопје времето ќе биде сончево со умерена облачност. Ќе дува умерен повремено засилен северен ветер. Утринската температура ќе се спушти до пет, а дневната ќе се искачи до 16 степени.

XS
SM
MD
LG