Достапни линкови

Смртни закани за новинарот Борјан Јовановски


Во семејната куќа на новинарот и уредник на НОВАТВ Борјан Јовановски вечерва бил доставен погребен венец со натпис „последен поздрав“. Јовановски во моментот не бил дома, па „курирот“ и го предал венецот на неговата сопруга. Лицето кое го доставилo венецот реколо дека „поздравот“ е од Тодор Александров. Во моментот во куќата биле и малолетните деца на Јовановски.

Неговата сопруга настанот го пријавила во полицијата.

Борјан Јовановски е мета на долгогодишно вербално насилство од страна на медиуми и новинари кои важат за блиски до владејачката партија.

На ваквите закани реагираше и Новинарскиот пленум.

„Овој чин го сфаќаме како мафијашка порака од Фамилијата што ја владее Македонија до критичките медиуми и новинари - што не очекува сите од ред ако и се спротивставуваме на власта!“, се наведува во соопштението на Пленумот.

Тие бараат од министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска во рок од 24 часа да ги пронајде испраќачите на погребниот венец, а од лидерот на ДПМНЕ и премиер да го осуди јавно овој чин.

XS
SM
MD
LG