Достапни линкови

ОН-800 мигранти се удавиле во несреќата на Средоземното море


Италијанскиот брод со телата на мигрантите кои се удавија во близина на брегот на Либија

Италијанскиот брод со телата на мигрантите кои се удавија во близина на брегот на Либија

Агенцијата за бегалци на ОН соопшти дека повеќе од 800 луѓе се удавиле кога изминатиот викенд брод со мигранти потона во близина на брегот на Либија што претставува најлошата несреќа на Средоземното море. Според агенцијата, до бројката дошле откако интервјуирале некои од преживеаните мигранти. Во меѓувреме италијанските власти го уапсија капетанот на бродот, како и еден член на екипажот, кој бил сиријски државјанин и кој е осомничен за трговија со луѓе.

XS
SM
MD
LG