Достапни линкови

Државата не ги штити дискриминираните


Прес конференција на невладини организациии во Мрежата на заштита од дискриминација.

Прес конференција на невладини организациии во Мрежата на заштита од дискриминација.

Државната Комисијата за заштита од дискриминација е неефикаса , тврдат од Мрежата на заштита од дискриминација.

Комисијата за заштита од дискриминација е неефикасна, неажурна и неконзистентна во одлуките што покажува дека не е независна, е заклучокот на невладините организации во Мрежата на заштита од дискриминација.

Бараме Комисијата за заштита од дискриминација да почне да реагира за хомофобични и стигматизирачки изјави, дискриминаторски натписи во медиумите и да почне да има превентивна улога во општеството.

​На денешното излагање на невладините по повод годишниот извештај од нивната работа, тие се согласија дека дискриминираните луѓе не добиваат навремена заштита со што се отвара дилема за ефикасноста на механизмите кои би требало да ги штитат граѓаните кога се дискриминирани.

Неда Чаловска од Хелсиншкиот комитет вели дека од нивното досегашно искуство, нема никаков напредок во работата на Комисијата за заштита на дискриминација, нема напредок ниту во работата на Јавното обвинителство.

„Бараме Комисијата за заштита од дискриминација да почне да реагира за хомофобични и стигматизирачки изјави, дискриминаторски натписи во медиумите и да почне да има превентивна улога во општеството. Немаме ниту еден случај каде што Комисијата кога утврдила дискриминација повела прекршочна постапка против некој орган, или медиум, иако законот тоа и го нуди. “

Потоа капацитетите на Комисијата, тоа што тие не поминуваат таму доволно време, односно се сретнуваат еднаш во четврток, работат други работи, значи има низа претпоставувам причини кои може да влијаат на неефикасното постапување на Комисијата.

Неда Наумовска од Фондација Отворено општество, вели дека кога Комисијата треба да издаде мислење за определен случај ги надминува законските рокови и процесот се влече со месеци а понекогаш и две години. Таа додава дека најчестите оправдувања на Комисијата за тоа се неодговарањето на наводниот дискриминатор повикан во преставката.

„Можеби влијанието кое што постои врз Комисијата како пример во кој може да се смета дека има влијание го наведовме случајот кога беше поднесена претставка против поранешниот министер Спиро Ристовски, или пак случајот со Фросина Ременски, потоа капацитетите на Комисијата, тоа што тие не поминуваат таму доволно време, односно се сретнуваат еднаш во четврток, работат други работи, значи има низа претпоставувам причини кои може да влијаат на неефикасното постапување на Комисијата.“

Чаловска објаснува дека им се случува да бидат и целосно игнорирани од Комисијата.

„Моравме да се обратиме до Народниот Правобранител заради прекршување на законскиот рок, па тој да даде укажување и после ние да ги добиеме одговорите од Комисијата, што укажува на поголема почит кон институциите отколку кон здруженијата на граѓани. И од она што го добивме како мислења, видовме дека тие биле донесени една година претходно, а ни се доставени по укажување на Народниот Правобранител, што освен неефикасност покажува и неажурно работење.“

Коментар за ваквите критики упатени кон Комисијата за заштита од дискриминација не успеавме да добиеме од нејзините претставници. Во извештајот на Комисијата за заштита од дискриминација е наведено дека минатата година меѓу претставките по разни основи граѓаните најмногу се жалеле по основ на етничка припадност, а области во кои најчесто е регистрирана дискриминацијата во извештајот се работните односи, пристапот до добра и услуги, социјалната сигурност како и правосудството.

Дел од невладините организации презентираа и пример за минатогодишното неефикасно работење на Комисијата. Тања Тренковска од Рома СОС презентираше преставка за дискриминација на Роми кои биле избркани од прилепско кафуле со одговор дека им е забрането да ги услужат.

„Комисијата за овој случај не утврди дискриминација со образложение дека постпаувањето по оваа преставка е безпредметно, затоа што кафе барот од поднесувањето на преставката до постапувањето на комисијата престана да постои па сметаше дека идентитетот на дискриминаторот не е познат.“

Игор Јадровски посочи пример за дискриминација врз основа на здраветсвена состојба на човек заболен од ХИВ кој бил дискриминиран од приватна здравствена установа.

„ Лицето било примено во болница поради потреба од хируршка интервенција, без негово знаење е направен и ХИВ тест, по што откако е утврдено дека тој е позитивен, тој станува жртва на 4 дневна дискриминација, од страна на персоналот во болницата, за да на крај се заврши со тоа што за неговиот позитивен ХИВ статус ќе излезе надвор од болницата и ќе дојде до ушите на неговите роднини и пријатели односно неговото опкружување, со што се смени неговиот целокупен начин на живот.“

Еден од најстарите предмети што мрежата за заштита од дискриминација го поведе пред Комисијата е случајот за сегрегација на учениците Роми во Битола. Иако претставката за овој случај била поднесена во април 2011 година, Комисијата и по изминувањето на 2 години се нема изјаснето дали препраќањето на децата Роми во ОУ „Ѓорѓи Сугарев“ во Битола, со образложение дека нема место за нив во основните училишта во кои тие првенствено аплицирале, преставува форма на дискриминација.

Тоа што има малку претставки кон институциите за дискриминација не значи дека ја нема туку дека луѓето кои се на маргините се плашат да реагираат за неправидите кои што им се случуваат и немаат доверба во правниот систем дека ќе им гарантира праведна разрешница, велат од мрежата за заштита на дискриминација.

Невладините се загрижени за ефикасноста на механизмите за заштита од оваа појава па препорачуваат собранието да ги искористи законските инструменти за да утврди одговорноста за непостењето на ефикасен механизам за заштита од дискриминација, измени во регулативата со цел прецизирање на постапката, Јавното обвинителство сериозно да ги сфати кривичните пријави дискриминација и говор на омраза и да иницира ефикасни истраги.

  • 16x9 Image

    Зорана Гаџовска Спасовска

    Новинарската кариера ја започна во А1 телевизија. Работела на теми од образование, социјални проблеми, здравство и екологија. Родена е на 30.09.1983 година во Скопје. Од јуни 2009-та година работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

XS
SM
MD
LG