Достапни линкови

Хан-ЕУ очекува правна и политичка разрешница


Еврокомесарот Јоханес Хан

Еврокомесарот Јоханес Хан

Правна и политичка разрешница очекува ЕУ за политичката криза во Македонија. Ова денеска го изјави еврокомесарот за проширување на ЕУ Јоханес Хан во Брисел, јави МИА. Според Хан, јасно е оти владеењето на правото мора да се почитува и дека целосна истрага мора да се спроведе за случајот со прислушувањето и објавувањето на аудиоснимките.

Тој воедно повторно ја повика опозицијата да се врати во Парламентот и таму да има Анкетна комисија што ќе се занимава со ова прашање од политичка перспектива. Но, тоа како што наведува Хан не значи дека кривичниот аспект на случајот не треба да следи. Хан изјави и дека во Брисел се свесни за ситуацијата во Македонија и дека денешните заклучоци на Советот за општи работи се јасни.

XS
SM
MD
LG