Достапни линкови

Повлечена поканата за посета на Тачи на Белград


Косовскиот министер за надворешни работи Хашим Тачи

Косовскиот министер за надворешни работи Хашим Тачи

Белградската невладина организација Младински комитет за образование соопшти дека ја повлекла поканата за присуство на косовскиот министер за надворешни работи Хашим Тачи на регионалната конференција која ќе се одржи неделава. Според соопштението, поканите за министрите на Србија, Македонија и БиХ исто така биле повлечени, поради силниот политички притисок и заканите од индивидуалци и организации. Невладината ќе биде домаќин на конференцијата за евроинтеграцијата на Западен Балкан на 24 април.

XS
SM
MD
LG