Достапни линкови

logo-print

ЕУ го активира договорот за стабилизација со БиХ


ЕУ денеска во Луксембург донесе одлука за активирање на Договорот за стабилизација и асоцијација со Босна и Херцеговина. Договорот беше потпишан пред седум години. Како што јави ФЕНА, активирањето на Спогодбата значи деблокада на европскиот пат за БиХ, што ќе зависи од напредокот во спроведување на реформите во следните месеци. Претседавачот со Претседништвото на БиХ, Младен Иваниќ активирањето го оцени како отворање на нови перспективи за државата. Договорот за стабилизација и асоцијација официјално треба да стапи во сила на 1 јуни.

XS
SM
MD
LG