Достапни линкови

logo-print

Зимбери: инцидентот во Гошинце е сценарио на владата


Поранешниот член на ОНА, Абедин Зимбери, кој живее во липковскиот регион, каде што ноќеска, според МВР, вооружени напаѓачи со ознаки на УЧК нападнале караула, вели дека во липковскиот регион нема никакви вооружени лица.

Јас сум од тука, гледам дека луѓето нормално си живеат, нема никакви инциденти цело време.

„Овој инцидент за кој се јавува во медиумите изгледа е некое сценарио на владата, на Груевски, како и на Министерството за внатрешни работи. Сигурно планира некое сценарио за да може да го дефокусира вниманието на граѓаните и да се спаси од она што се случува. Велам дека ова нема да им успее, затоа што граѓаните не сакаат војни, сакаат мир, перспектива, сакаат работа, да живеат“, вели Зимбери во изјава за Радио Слободна Европа.

XS
SM
MD
LG