Достапни линкови

ЕК се очекува да објави тужба за Газпром


Европската Комисија денеска се очекува да ја најави тужбата против рускиот енергетски гигант Газпром за неконкурентските практики во ЕУ, при што одлуката дополнително може да ги зголеми тензиите меѓу западот и Москва. Три години Брисел ги истражува обвинувањата против Газпром односно дека фирмата им забранува на одредени земји да го извезуваат гасот кој го купиле, за изедначување на цената на гасот со нафтата и за блокирањето на изворите на снабдување на ривалите. ЕК ќе го обвини Газпром за попречување на конкуренцијата на пазарите во централна и источна Европа, каде фирмата има доминантна позиција.

XS
SM
MD
LG