Достапни линкови

МВР го потврди инцидентот во Гошинце


Липково - архива

Липково - архива

Министерството за внатрешни работи соопшти дека околу 40 - тина вооружени лица во раните утрински часовија нападнале станицата на македонските сили за безбедност во село Гошинце, општина Липково, во северниот дел на Македонија во близина на границата со Косово.

Портпаролот на МВР Иво Котевски на прес конференција во Скопје ова го оцени како терористички напад.

Тој изјави дека тие носеле ознаки на УЧК, дека дошле од Косово и наводно го одзелеоружјето и мобилните телефони од станицата.

Според Котевски, вооружените лица на полицајците им рекле дека Груевски и Ахмети нема да ги спасат и оти сакаат своја држава.

XS
SM
MD
LG