Достапни линкови

Загрозување на власта или на безбедноста на државата?


Опозицијата најавува можни масовни протести против власта. Владата, пак, тоа го претставува, не како напад врз неа, туку како загрозување на безбедноста на државата.

Актуелниот претседател на СДСМ Зоран Заев неколку пати споменува протести за, како што вели, враќање на слободата. Последно од митингот во Штип порача дека СДСМ ќе ги предводи протестите, но дека тоа немало да бидат партиски, туку протести на сплотен народ. Вчера и неговиот претходник на партиската функција Бранко Црвенковски во писменото обраќање нагласи дека мора да се организираат масовни и континуирани протести кои треба да бидат мирни и ненасилни, но со својата масовност и упорност да го делегитимираат и натераат на отстапки, како што пишува, режимот на Груевски.

Тоа повеќе може да биде од власта, затоа што тие веќе се свесни дека, кога би се спровел судскиот процес, каде што тие знаат што ги очекува, тогаш може да бидат ирационални.

Од друга страна, пак, премиерот му порачува на Заев да не си играл, со како што вели, безбедноста на државата и дека немало да му дозволат да се направи граѓански конфликт во земјава.

Според аналитичарот Исмет Рамадани од Евроатланскиот совет на Македонија, власта со ваквите пораки сакала да ги заплаши граѓаните да не одат на евентуалните протести кои, како што смета тој, во иднина може да се случат и на кои немало потреба да има никакво насилство.

Крвави насилства причинети од какви било тенденции, па и од масовни протести, исклучително би оделе во прилог на власта која располага со сила за да може да одговори на вакви провокации. Доколку дојде до таква ситуација исклучиво власта ќе биде одговорна.

„Тоа повеќе може да биде од власта, затоа што тие веќе се свесни дека, кога би се спровел судскиот процес, каде што тие знаат што ги очекува, тогаш може да бидат ирационални“, вели Рамадани.

И аналитичарот Благоја Марковски од Балканскиот форум за безбедност смета дека власта е онаа што има капацитет да предизвика немири, нагласувајќи дека опозицијата веќе неколку пати нагласила дека тие не смеат да бидат насилни.

„Крвави насилства причинети од какви било тенденции, па и од масовни протести, исклучително би оделе во прилог на власта која располага со сила за да може да одговори на вакви провокации. Доколку дојде до таква ситуација исклучиво власта ќе биде одговорна, бидејќи таа единствено располага со сила и таа единствено“, вели Марковски.

Инаку, дел медиуми пишуваат дека опозицијата сакала реприза на украинското сценарио во Македонија, па и вчерашното соопштение на Црвенковски го протолкуваа како повик за скопски Мајдан. Според Марковски, двете држави се неспоредливи, бидејќи, како што вели, во случувања со Украина беа вплеткани и странски интереси, за разлика од настаните тука кои биле исклучиво домашни.

  • 16x9 Image

    Фросина Димеска

    Родена е 1980 година во Скопје. Со новинарство се занимава од 2004 година кога почнува да работи како постојан дописник на Радио Слободна Европа од Скопје.
    Во периодот од 2008 година до почетокот на 2014 година работи прво како новинар во телевизијата Алсат М а потоа во дневниот весник Нова Македонија.

XS
SM
MD
LG