Достапни линкови

logo-print

Медведев-Русија загубила 25 милијарди евра поради санкциите


Рускиот премиер Дмитри Медведев

Рускиот премиер Дмитри Медведев

Рускиот премиер Дмитри Медведев изјави денеска дека земјата загубила околу 25 милијарди евра како резултат на западните санкции. Според него загубите може да бидат неколку пати повисоки во оваа година. Медведев за време на презентирањето на годишниот извештај за руската економија во Парламентот посочи дека Бруто Домашниот Производ забележал пад од 2 проценти во првиот квартал на годинава. Руската економија е тешко погодена од ниските цени на нафтата, намалениот извоз и санкциите од ЕУ и САД поради улогата на земјата во конфликтот во Украина.

XS
SM
MD
LG