Достапни линкови

Нова помош на САД за Украина


Џо Бајден

Џо Бајден

Соединетите држави ќе испратат нова помош за Украина во вредност од околу 18 милиони долари. Белата куќа соопшти дека потпретседателот Џо Бајден вчера телефонски разговарал за финансиската поддршка со украинскиот претседател Петро Порошенко. Според Белата куќа, парите ќе одат за засолништа, храна, вода и здравствени потреби во регионите погодени од борбите меѓу владите сили и проруските бунтовници. Бајден и Порошенко ја повикаа Русија да престане да разместува сили во близина на руско украинската граница.

XS
SM
MD
LG