Достапни линкови

Премиерите од Западен Балкан во Брисел за инфраструктурата


Јоханес Хан

Јоханес Хан

Премиерите на шест земји од Западен Балкан денеска во Брисел ќе разговараат со комесари на Европската унија за инвестиции во клучната сообраќајна инфраструктура што треба да го поврзе регионот. Состанокот ќе го водат комесарот за разговори за проширување Јоханес Хан и комесарот за транспорт Виолета Булц. На првиот состанок на шесте земји одржан неодамна во Приштина еврокомесарот Хан соопшти дека Европската комисија е подготвена да обезбеди милијарда евра за финансирање на сообраќајната инфраструктура во Западен Балкан. На денешниот состанок се очекува да бидат разгледани конкретните начини за да се оствари тоа.

XS
SM
MD
LG