Достапни линкови

Вонреден самит на ЕУ за имигрантите на Медитеранот


Вонреден самит за кризата со имигрантите на Средоземно море е свикан в четврток во Брисел. Ова го најави претседателот на Европскиот совет Доналд Туск по последните трагедии во кои животот го загубија неколку стотици бегалци. Во последниве денови се случија неколку несреќи на Медитеранот, а најтешката беше во ноќта меѓу саботата и неделата, кога во близина на брегот на Либија се преврте рибарски брод во кој имало над 700 луѓе. Италијанскиот премиер Матео Ренци ваквиот шверц на луѓе преку Медитеранот го спореди со трговијата на робови од Африка пред неколку векови.

XS
SM
MD
LG