Достапни линкови

logo-print

Започнаа вежбите на американските и украинските војници


. Украинскиот претседател Петро Порошенко

. Украинскиот претседател Петро Порошенко

Американските и украинските сили започнаа заеднички вежби во западниот дел на Украина со цел да се зајакнат владините сили во борбите против проруските бунтовници во источниот дел на земјата. Украинскиот претседател Петро Порошенко изјави дека вооружените сили на земјата мора да бидат повторно изградени од нула со цел да одговорат на заканите кои доаѓаат од странските земји. Американската војска соопшти минатата недела дека испратила 300 падобранци кои ќе тренираат 900 припадници на Националната гарда на Украина.

XS
SM
MD
LG