Достапни линкови

Заев-Добро е што Црвенковски се произнесе за состојбите во земјата


Лидерот на СДСМ, Зоран Заев.

Лидерот на СДСМ, Зоран Заев.

Лидерот на СДСМ Зоран Заев по писменото обраќање на поранешниот претседател на Македонија Бранко Црвенковски изјави дека со оглед на тешката ситуација во која се наоѓа Македонија и длабоката политичка криза, добро е што тој се произнесол и ги соопштил своите ставови за состојбите во земјата. Воедно Заев во изјава за Дојче веле ја поздрави поддршката што Црвенковски ја изразува кон СДСМ и кон раководството на партијата.

Заев порача и дека за иднината на Македонија и нејзините граѓани неопходно е секој поединец да го даде својот придонес во остварувањето на зацртаните цели со проектот „Вистината за Македонија“, за враќање на слободата, демократијата и европските вредности во државата, а посебно ако тоа доаѓа од искусни луѓе како што е Црвенковски.

XS
SM
MD
LG