Достапни линкови

Убиени 15 лица во експлозија во Јемен


Најмалку 15 лица загинале во главниот град на Јемен, Сана а десетици биле повредени во серија на експлозии по воздушниот напад на коалицијата предводена од Саудиска Арабија врз депо каде се чувале проектили. Во експлозиите биле уништени околни домови и возила. Повеќето од жртвите биле цивили. Стотици луѓе го напуштиле реонот по воздушниот напад. Депото било база за проектили на јеменската елитна републиканска бригада лојална на поранешниот претседател Али Абдулах Салех и сојузник на шиитските бунтовници Хути.

XS
SM
MD
LG